Интегрирање на родовата перспектива во политиките и програмите на општина Кривогаштани

Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР како организација на која стратешка цел и е промовирање и достигнување на родова еднаквост во руралните средини, ги насочува своите активности кон анализа на степенот до кој имплементацијата на локалните програми и буџетот на Општина Кривогаштани ја интегрираат родовата перспектива, проследено со анализа на приоритетите на граѓаните на општината, идентификување на предизвици и давање на препораки за креирање на родово-специфични програми, политики и интервенции кои најдобро може да ги адресираат и елиминираат родовите разлики на локално ниво.