„Промените започнуваат на локално ниво“

Скриената економија е мултидимензионален феномен чие движење зависи од обемноста на законската регулатива, недостигот на фискална и даночна дисциплина, степенот на сложеност на процедурите за регистрирање на деловни субјекти, поставеноста на пазарот на труд како и од ефикасноста на инспекциските служби и ресурсите со кои располагаат. Имајќи го ова предвид, скриената економија не може прецизно да се измери и да се процени најзиниот удел во севкупната економија на државата, а тоа пак предизвикува сериозни проблеми во планирањето на економските и социјалните политики.

За таа цел, ЛАГ Агро Лидер започнува со имплементација на проектот „Промените започнуваат на локално ниво“ кој што се спроведува со поддршка на регионалниот проект СМАРТ Балкан - Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан (во понатамошниот текст СМАРТ Балкан), имплементиран од Centar za promociju civilnog društva (CPCD), Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институтот за демократија и медијација (ИДМ), а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

Општа цел на проектот е да се зголеми вклученоста на граѓаните и граѓанските органзиации  преку обезбедување на статистичка слика за степенот и составот на неформалното вработување во земјоделскиот сектор во Пелагониски регион и фокус на работниците кои имаат тенденција да бидат невидливи и меѓу најранливите

Специфични цели:

- Овозможување подобар увид во клучните економски случувања во општините во Пелагонискиот регион

- Идентификување на неформалните работници во земјоделскиот сектор во Пелагонискиот регион

- Создавање на предуслови за подобрена финансиска одржливост на општините и продлабочена децентрализација во земјава.

Со имплементација на активностите следниве резултати ќе бидат постигнати ;

1. Формирана мрежа на граѓански организации како тим за мониторинг, истражување и анализирање на состојбата со скриената економија во земјоделството

2.  Идентификувани недостатоци и генератори на скриена економија во земјоделскиот сектор во Пелагонискиот регион

3. Подготвени јавен документ со препораки и индикатори за секој аспект на скриената економија во земјоделскиот сектор

4. Одржана средба и пресконференција со претставници на институции и општини за степенот на скриена економија во земјоделскиот сектор во пелагониски регион

5. Создадени предуслови за подобрена финансиска одржливост на општините во Пелагонискиот регион, што ќе придонесе до финансиски постабилни и понезависни општини

 

Проектот ќе се реализира во периодот од 01.05.2023 – 30.04.2024.