Дигитални алатки за комуникација со лица со попреченост
Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР во соработка со Здружение за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА, Ве покануваат на работилница "Дигитални алатки за комуникација со лица со попреченост".
Информатичката и комуникациска технологија (ИКТ) има потенцијал и да го подобри пристапот на лицата со попреченост, но и да придонесе кон создавање бариери. Важно е да се запамети дека лицата со попреченост имаат многу различни потреби за пристапност и дека постојат различни начини да се направи технологијата достапна за сите, имајќи во предвид дека со промената на технологијата се појавуваат нови потреби за пристапност.
Г-ѓа Благица Димитровска - претставник од Здружение за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА ќе ги презентира можностите за обезбедување достапност на веб страни за лица со попреченост.
Придружете ни се за заедно да дадеме придонес за инклузивно општество!