Работилница “Кариерен развој”

Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР денес одржа работилница “Кариерен развој”со цел да го промовира значењето на изборот на кариера и донесувањето на одлуки за Вашата идеална работа, вештини, како и начинот на живот.Работилницата “Кариерен Развој” ја водеше проф. Благица Сековска – лиценциран кариерен советник која на учесниците им ги презентираше почетните чекори во процесот на планирање на кариера.

Развојот на кариерата е процес на самопознавање, истражување и донесување одлуки што ја обликуваат Вашата кариера,  овозможувајќи Ви да ги зајакнете Вашите вештини и да воспоставите успешна навигација во изборот на Вашето утрешно определување и Вашата идна професија.

Работниот индентитет е дел од човековиот развој и на него влијаат многу фактори и бариери, кои може да се надминат со правилно планирање на кариерниот развој. Самостојно или со поддршка, преку самопроценка на Вашите интереси, вредности и вештини да ги идентификувате потенцијалните професии, и преку истражување и планирање да ја изберете Вашата идна професија. Важно е, освен изборот на професија, да го добиете и посакуваното вработување, како и да ги осознаете можностите за професионално напредување.

Во таа насока, во Европските земји се воспоставуваат услуги за кариерно советување и/или поддршка при вработување, кои обезбедуваат помош при избор на кариера, поддршка при барање на работа, совет за промена на кариера со цел да им се помогне на лицата, особено младите во нивното кариерно ориентирање и вработување.

Во рамките на проектот “Пилотирање на услуги за поддржано вработување на млади”со поддршка на Австриското Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи во пет градови во нашата држава- Гостивар, Куманово, Прилеп, Струмица и Тетово се пилотираат услуги за поддржано вработување на млади со поддршка на организацијата Wien Work, Австрија.

Обучени младински коучи во организациите ЛАГ АГРО ЛИДЕР, Избор, Инклузива, Институт за развој на заедницата и Центарот за млади и заедницата внимателно го следат развојот на кариерата на млади лица од социјални групи, и идентификувајќи ги нивните компетенции работат на подобрување на нивните вештини овозможувајќи им вработување соодветно на нивните способности.

Услугите кои ги нудат младинските коучи континуирано се подобруваат преку работилници и насочени кон воведување на можности за избор и обука на работни места кои што одговараат на индивидуата, нејзините вештини и интереси.

Со воспоставување на овие услуги се создадоа нови можности за младите согласно нивнитевредности, интереси, и персонални и професионални вештини да бидат поконкурентни на пазарот на трудот, да обезбедат вработување и професионално напредување, што даде значаен придонес за социо-економскиот развој на локално и национално ниво.