ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ОБУЧУВАЧ/КА ЗА БИЗНИС ПЛАНИРАЊЕ, ФИНАНСИСКА ОДРЖЛИВОСТ И МАРКЕТИНГ
1. Општи информации
Локалната акциска група ЛАГ Агро Лидер објавува јавен повик за ангажирање на обучувач/ка за бизнис планирање, финансиска одржливост и маркетинг, во рамки на проект „Младински зелени социјални претпријатија – нова енергија за руралниот развој“ насочен кон јакнење на економските можности на младите од руралните средини и развој на еко-социјални претпријатија во општините Долнени и Крушево, финансиран од Европската Унија преку проектот ‘RAISE CSOs - Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Северна Македонија’ имплементиран од страна на Младински Сојуз – Крушево во соработка со НОВУС и Паблик, со поддршката на ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Република Северна Македонија, ИПА програма за граѓанско општество 2022-2023.
Проектот има за цел да воспостави основи за младински социјални претпријатија за заштита на животна средина, кое ќе обезбеди економска одржливост и можности за вработување, да придонесе до заштита на животна средина, управување со органскиот отпад во руралните средини, компостирање како потенцијален социјален бизнис, како и социо-економска интеграција на младите во пазарот на труд; Да се создаде младинска земјоделска задруга како инкубатор за зелени идеи за заштита на животна средина и одржливи рурални заедници, примена на нови методи во земјоделството и еко-бизнисите; Градење на капацитети и подигање на свеста кај младите од руралните средини за социјално претприемништво, циркуларна економија и заштита на животна средина, особено на ранливи категории како жени, NEETs и долгорочно невработени лица, преку развој на социјално претприемништво.
2. Цел на ангажманот
Целта на ангажманот е спроведување на практична и едукативна обука за млади земјоделци и рурална младина, со цел:
- развој на изводливи бизнис-планови и бизнис-канваси;
- разбирање на основите на финансиско управување и одржливост;
- пласман и промоција на зелени производи и услуги;
- практична подготовка на мини-проекти со пазарна примена
3. Опис на задачите
- Подготовка на програма и едукативни материјали за обуката;
- Спроведување на еднодневна интерактивна обука, која ќе опфати
- концепт и елементи на бизнис-план за еко-социјално претпријатие;
- основи на финансиско планирање (трошоци, приходи, break-even, cash-flow);
- финансиска одржливост и диверзификација на извори на приходи;
- маркетинг стратегии за зелени производи и услуги;
- брендирање, пласман и пристап до локални пазари;
- дигитален маркетинг, социјални мрежи и е-платформи;
- Фасилитирање на практична работа во групи за развој на конкретни мини-проекти;
- Менторска поддршка на учесниците при финализирање на нивните идеи
4. Целна група на обуката
Обуката е наменета за:
- млади лица од руралните средини (15–29 години);
- NEETs;
- жени од рурални средини;
- долгорочно невработени млади лица.
Очекуван број на директни учесници: минимум 10 лица.
5. Потребни квалификации и искуство
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Високо образование во областа на економија, менаџмент, бизнис или сродни области;
- Минимум 3 години искуство во бизнис-планирање, финансии или маркетинг;
- Искуство во работа со социјални или зелени претпријатија ќе се смета за предност;
- Докажано искуство во спроведување обуки или менторство;
- Познавање на дигитални алатки и е-платформи
6. Времетраење и локација
- Времетраење на ангажманот: краткорочен ангажман (подготовка + 1 ден обука);
- Локација: Крушево;
7. Начин на аплицирање
Заинтересираните кандидати треба да достават:
- Кратка биографија (CV);
- Мотивациско писмо со опис на релевантно искуство;
Само целосни апликации ќе бидат разгледани.
8. Критериуми за избор
Изборот ќе се врши врз основа на:
- релевантно искуство и експертиза;
- искуство во работа со млади и рурални заедници;
9. Рок и начин на доставување на понуди
Понудите треба да се достават електронски на:
Е- пошта: lagagrolider@gmail.com
Со назнака: „Обучувач/ка за бизнис планирање, финасиска одржливост и маркетинг “
или
Во просториите на ЛАГ Агро Лидер, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот
Краен рок за поднесување: 07.02.2026
Апликации поднесени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.
10. Напомена
ЛАГ Агро Лидер го задржува правото:
- да побара дополнителна документација или појаснување
- да организира интервју со подносителите,
- да не избере ниту еден понудувач доколку не ги исполнува критериумите,
- да го поништи повикот поради административни или проектни причини