Отворање врати за жените од руралните средини во технологијата

„Отворање врати за жените од руралните средини во технологијата“ е иновативен проект насочен кон јакнење на капацитетите, вработливоста и економската независност на младите жени од руралните средини преку стекнување практични дигитални и ИТ вештини. Проектот придонесува кон родова интеграција, еднаквост и инклузивен локален развој, овозможувајќи им на жените активна улога во современата дигитална економија.

Општа цел

Зголемување на учеството на младите жени од руралните средини во ИТ индустријата преку унапредување на нивните дигитални вештини, вработливост и економска независност.

Специфични цели

  • Развивање на дигитални и ИТ вештини во областа на програмирање, фриленс, дигитален маркетинг и UX/UI дизајн
  • Воспоставување менторски систем со ИТ професионалци за поддршка на личниот и професионалниот развој на учесничките
  • Поттикнување на вработливоста и претприемништвото преку поврзување со компании, фриленс платформи и можности за практична работа
  • Подигнување на свеста за родова еднаквост и интеграција на жените во дигиталниот и ИТ сектор

Целни групи

Примарна целна група:
Млади жени на возраст од 18 до 30 години од руралната општина Могила, со ограничен пристап до образование и можности за професионален развој во ИТ секторот.

Секундарни целни групи:

  • Општина Могила
  • Локални и национални ИТ компании
  • Граѓански организации и иницијативи за родова еднаквост
  • Семејствата и локалната заедница

Клучни активности

  1. Консултативна средба со релевантни претставници на Општина Могила
  2. Регрутација и информирање на учесничките
  3. Спроведување онлајн и обуки со физичко присуство
  4. Формирање менторска програма со ИТ професионалци
  5. Практична работа и поврзување со работодавци и фриленс платформи
  6. Организирање јавни настани и кампањи за промоција на жените во ИТ
  7. Застапување и лобирање пред локалната самоуправа
  8. Издавање сертификати и подготовка за вработување

Очекуван ефект

Проектот ќе создаде нови можности за личен и професионален развој на младите жени од руралните средини, ќе придонесе кон намалување на родовиот јаз во ИТ секторот и ќе поттикне одржлив економски развој во општина Могила.

Проектот е поддржан од Сојуз – Национален совет за родова рамноправност (НСРР), Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) и Полио Плус