„Зголемување на свесноста за менструалниот отпад и инклузија на ранливи групи на жени преку производство на повеќекратна менструална влошка во РСМакедонија – Буџет мама“
Во периодот од Февруари 2022 до Јануари 2023, ГО Новинари за човекови права ќе го
имплементира проектот „Зголемување на свесноста за менструалниот отпад и инклузија на
ранливи групи на жени преку производство на повеќекратна менструална влошка – Буџет
мама“. Проектот ќе се реализира во Пелагонискиот плански регион, во соработка со ГОии
„Скриениот херој во секое дете“, ЛАГ Агро Лидер и општина Кривогаштани.
Проектот е финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки
фонд (ГЕФ), ГО Новинари за човекови права, WECF и програмата Women 2030. Проектот е со
вкупен буџет од 55.760 САД$, од кои 30.090 САД$ се обезбедени од страна на Глобалниот
Еколошки Фонд (ГЕФ ПМГ), додека остатокот е обезбеден со учество на ГО Новинари за
човекови права, WECF и програмата Women 2030.
Конкретна цел на проектот е: социјална инклузија и економско зајакнување на жените од
ранливите групи преку стекнување вештини за еколошки безбедни бизниси
Главни проектни активности:
- Подготовка на наставен материјал за обука на заинтересираните групи на жени
- Тренинзи за шиење и одржување на повеќекратни влошки
- Тренинзи за старт ап претпријатија за производство на еколошки безбедни влошки
- Кампања за подигнување на свесноста за отпадот од влошките за еднократна употреба
- Сертификација на влошките за повеќекратна употреба