Проект за развој на социјални услуги на локално ниво
Граѓанска организација Центар за развој и едукација Прилеп - членка на ЛАГ АГРО ЛИДЕР започнува да развива социјални услуги односно услугата помош и нега во домот на територијата на општина Кривогаштани, општина Долнени и општина Прилеп. Овој проект е од голема важност за општините и за сите жители бидејќи овозможува развој на социјални услуги на локално ниво според потребите на граѓаните, а истовремено се создаваат можности за ангажирање на тешко вработливите лица од заедницата како даватели на услуги и помош која ќе ја добиваат корисниците на социјални услуги.
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денес, 19 декември 2022 година ги презентираше резултатите од вториот јавен повик за доделување на грантови за развој на социјални услуги на локално ниво и ги потпиша договорите со вкупно 12 организации кои ќе развиваат социјални услуги со поддршка на Министерство за труд и социјална политика, во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, подржан од Светска Банка.
Заедно придонесуваме за градење на општество каде СЕКОЈ ЕДЕН Е ВАЖЕН!!!