×

Error message

Deprecated function: Unparenthesized `a ? b : c ? d : e` is deprecated. Use either `(a ? b : c) ? d : e` or `a ? b : (c ? d : e)` in include_once() (line 1389 of /home/fingermk/public_html/lagagrolider.mk/includes/bootstrap.inc).

„Одговор на социо-економските ефекти од КОВИД-19 преку поддршка на ранливите групи на ниско-платени работници, работници кои се дел од неформалната економија и привремено вработени работници”

Главна цел на проектот - Јакнење на социјалната и економската состојба на жените од руралните средини преку градење на економски одржливи земјоделски фарми и локални капацитети,  воспоставување на пристап до советодавна поддршка, и креирање на јавни политики за правна еднаквост.

Краткорочни цели

- Подобрување на економската состојба на жените од руралните средини преку воспоставување на интернет продажба на локални производи за промоција на концептот од фарма до трпеза и користење на предностите на новите пазари на додадена вредност на храна

- Градење на економски одржлви фарми и локални капацитети преку промоција на домашното земјоделско производство и локалните капацитети за рурален развој и туризам

- Воспоставени услуги за пристап до правна помош и советодавна поддршка за можностите и програмите на релевантни национални, регионални и интернационални институции

- Обезбедување правна еднаквост преку воспоставување на јавни политики за остварување на правата на жената од руралната средина од аспект на пристап до права од социјална заштита и права од земјоделска дејност

Активности

Компонента 1:

- Анализа на регулативи и програми

-  Споредбена анализа со регулативи и програми во земјите од регионот и пошироко

-  Теренско истражување со семиструктутиран прашалник во кое се опфатени 400 жени од општина Долнени, Кривогаштани, Крушево и Прилеп

-  Одржани 3 фокус групи со жени од рурални средини

-  Идентификувани предизвици и креирани препораки за креаторите на политики 

 

Компонента 2:

- Мапирање на производители на земјоделски производи (примарно и секундарно локално производство), занаетчиски производи и др.

- Развој на материјали и едукативни работилници

- Креирање и воспоставување на онлајн прогама за е-трговија со ситем за онлајн плаќање и организирана достава

- Воспоставување на систем за контрола на квалитет

-  Креирање на дел за промоција на локални капацитети од областа на руралниот туризам

- Промоција на онлајн платформата за е-трговија

Проектот ќе придонесе кон воспоставување на нов модел на пласирање на производи и/или преработки, и преку дигитална трасформација и стекнување на дигитални вештини ќе им овозможи на жените да ја подобрат својата економска позиција и да придонесат за развој на заедницата од нивна перспектива.

 Дополнително, проектот ќе овозможи креирање на предлог решенија за јавни политики кои ќе ги адресираат реалните потреби на жените земјоделки и жените од руралните средини од аспект на правата од социјална област, како и исполнување на правата кои им се загарантирани од областа на земјоделската дејност.

Пристапот до правна помош и советодавна поддршка за жените од руралните средини и/или жените вклучени во земјоделска дејност или рурален туризам, ќе обезбеди континуира достапност на информации за вршење на земјоделска дејност, олеснувањата и поволностите што ги нуди државата во нормални и во кризни услови, но и информации за правната регулатива за работен однос во контекст на вршење на земјоделска дејност.

Проектот ќе им овозможи на жените, особено жените од руралните средини да се справат со економските последици од моменталната криза со КОВИД 19, да го подобрат својот социјален и економски статус, да станат поотпорни на негативни влијанија и полесно да надминуваат кризни состојби.