Родовиот аспект во развојните програми и буџет на општина Кривогаштани

 

Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР како организација на која стратешка цел и е промовирање и достигнување на родова еднаквост во руралните средини, ги насочува своите активности кон анализа на степенот до кој имплементацијата на локалните програми и буџетот на Општина Кривогаштани ја интегрираат родовата перспектива, проследено со анализа на приоритетите на граѓаните на општината, идентификување на предизвици и давање на препораки за креирање на родово-специфични програми, политики и интервенции кои најдобро може да ги адресираат и елиминираат родовите разлики на локално ниво.

Проектот "Родовиот аспект во развојните програми и буџет на општина Кривогаштани" е поддржан од програмата за под-грантирање на проектот „НИЗ ЖЕНСКИ ЛЕЌИ: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“ “спроведуван од  Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) заедно со проектнитe партнери ЕХО од Штип, Рурална Коалиција од Куманово, Лулуди и Новинари за Човекови Права од Скопје, со финансинсиска поддршка од Европската Унија. 

Имплементацијата на активностите во рамките на проектот ќе придонесе до воведување систематско интегрирање на РОБ во процесите на планирање и буџетирање во општина Кривогаштани, преку воведување на родово поврзани стратешки цели во политиките и буџетите, родова анализа на буџетските програми, вклучување на родови индикатори при креирањето на буџетот и следење на влијанието на буџетските средства врз родовата еднаквост.

Со Родовата анализа на општинските програми и мониторингот на родово одговорното буџетирање ќе се креираат препораки, и во заедничка соработка со претставници на ЕЛС Кривогаштани ќе се делува за родово одговорно владеење.

Преку вклучување на барањата за родово разделени податоци во сите буџетски документи и Подготовка на родово специфични индикатори со цел да се утврди влијанието на политиките врз релевантните прашања и јазови во родовата еднаквост (како што се домашната работа, неплатен труд) со посебен фокус на влијанието на пандемијата со КОВИД-19 и последиците од истата, ќе се направи насочување на политичките интервенции кон креирање на мерки за поддршка на закрепнувањето од пандемијата со КОВИД – 19 како и зајакнување на жените и маргинализираните групи со цел да бидат поотпорни на идни пандемии.

Во креирањето на локалните политики и мерки и буџетите за нивно спроведување да се направи подлога за дизајн на модели за подобрување на положбата на жените на пазарот на труд и ублажување на социо-економските последици од кризата и креирање на родово одговорни мерки што најмногу одговараат на потребите и карактеристиките на жените.