×

Error message

Deprecated function: Unparenthesized `a ? b : c ? d : e` is deprecated. Use either `(a ? b : c) ? d : e` or `a ? b : (c ? d : e)` in include_once() (line 1389 of /home/fingermk/public_html/lagagrolider.mk/includes/bootstrap.inc).

Повик за анкетари за спроведување истражување за идентификување на реалните проблеми и потреби на жените ангажирани во земјоделскиот сектор и во областа на руралниот туризам

Здружението за рурален развој Локална Акциона група Агро Лидер за успешно спроведување на активностите во проектот “„Одговор на социо-економските ефекти од КОВИД-19 преку поддршка на ранливите групи на ниско-платени работници, работници кои се дел од неформалната економија и привремено вработени работници”” поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија објавува повик за четворица (4) анкетари за периодот  септември – октомври 2020 година за спроведување на теренско истражување за идентификување на реалните проблеми и потреби на жените ангажирани во земјоделскиот сектор или во областа на руралниот туризам во општините Прилеп (рурален дел), Кривогаштани, Долнени и Крушево.

Ова истражување цели да обезбеди податоци и информации за идентификување на реалните проблеми и потреби на жените ангажирани во земјоделскиот сектор или во областа на руралниот туризам.

Од оваа активност ќе се идентификуваат предизвиците, но и можностите за понатамошно подобрување на состојбата на жените – земјоделки во руралните среидни особено во делот на социо – економските ефекти од КОВИД 19

Притоа, од областа на детектираните приоритети ќе се пристапи кон креирање на јавни политики кои ќе ги адресираат нивните права за пристап до средства, ресурси и можности со цел намалување на родовиот “јаз”, но и јазот помеѓу правата и пристапот до можности на жената од урбаната средина и жената од руралната средина кој се повеќе се зголемува, односно ќе биде подготвен Документ за јавни политики.

За потребите на истражувањето, распишуваме повик за ангажирање на 4 (четворица) анкетари кои ќе бидат директно вклучени во спроведување на теренско истражување и анализа н а добиените податоци.

Теренското истражување предвидува спроведување на 400 прашалници во општините Прилеп (рурален дел), Кривогаштани, Долнени и Крушево.

Со цел соодветно собирање на податоците на терен, за избраните анкетари ќе биде обезбеден еднодневен тренинг на кој присуството е задолжително.

Селектираните анкетари ќе бидат ангажирани да спроведат по 100 анкети со жени – земјоделки, жени индивидуални земјоделки,  жени ангажирани во земјоделие на неформален начин, жени ангажирани во преработки на земјоделски производи, локални капацитети во рурални средини кои се дел од руралниот туризам, бизнис ентитети од областа на гастрономијата. За ангажманот предвиден е финансиски надоместок од 11 000 мкд бруто износ.

Сите заинтересирани потребно е да ги исполнуваат следниве услови:

  • Да се пололетни;
  • Да имаат мотивација да бидат вклучени во теренско спроведување на истражување;
  • Да се во можност да го спроведуваат истражувањето во текот на работно време;
  • Претходно искуство во анкетирање ќе се смета за предност;
  • Да присуствуваат на еднодневен тренинг;
  • Добри комуникациски вештини.

 Заинтересираните кандидати потребно е да достават CV (биографија), најдоцна до 07ми спетември 2020 на lagagrolider@gmail.com  со назнака „Пријава за анкетар“.

Сите прашања за повикот може да ги упатите на истата мејл адреса.

 

Со почит,

Тимот на ЛАГ Агро Лидер