Животот во нашите села - предизвици и можности
Оваа публикација ги претставува наодите од истражувањето за предизвиците и можностите за живот на село спроведено од страна
на Локалната акциона група АГРО ЛИДЕР на подрачјето на општина Долнени, општина Кривогаштани, општина Крушево и руралниот
дел на општина Прилеп. Во документот се прикажани анализи од постоечка литература и статистички податоци за руралниот развој во Северна Македонија,
надополнети со разликите помеѓу пристапот до права, услуги и можности помеѓу урбаните и руралните средини односно помеѓу
селото и градот, причините за дерурализација и деграраризација, а воедно е даден преглед на моменталните програми за рурален
развој и степенот на нивното спроведување и бенефити на територијата на целните општини. Со цел да се идентификуваат
предизвиците и потребите направено е теренско истражување со семи - структуриран прашалник на територијата каде делува
Локалната акциона група АГРО ЛИДЕР, а врз основа на наодите од истражувањето се дадени препораки за создавање на можности за
жителите во селата на нашата држава
Создавањето на можности за развојот на селата преку перспективата на жителите во руралните заедници не се однесува само на
одржливиот развој на селата, туку директно влијае на социјалниот, економскиот, демографскиот и културниот развој на целата држава,
и затоа итно се потребни програми и мерки кои ефективно ќе придонесат за економско и социјално унапредување на животот на село.