ЕУ ЛИДЕР пристап за интегриран територијален развој и рурален просперитет во Северна Македонија
Како меѓусекторски пристап кој вклучува широк спектар на области и засегнати страни, ЛИДЕР пристапот е втемелен во политиките за рурален развој на Европската Унија, овозможувајќи партиципативно учество, рамномерен територијален развој и социо-економски прогрес во руралните области. Спроведувањето на ЛИДЕР пристапот во Република Северна Македонија сѐ уште се соочува со бројни предизвици, кои го забавуваат процесот на имплементација на ЛИДЕР пристапот како мост помеѓу локалните и националните актери и институциите на Европската Унија.
Мрежата на ЛАГ во соработка со своите членки - локални акциски рупи со цел дијагностицирање на моментната ситуација со ЛИДЕР пристапот и положбата на локалните акциски групи користејќи ја алатката за анализа на силни и слаби страни, можности и закани - SWOT во периодот октомври-ноември 2021 ги анализира законската рамка и концептот на ЛИДЕР програмата и состојбата на локалните акциски групи како основа да се направи проценка на потребите и можностите за спроведување на ЛИДЕР мерката „Стратегии за локален развој и одржлив развој на локалните акциски групи“. Целокупната цел што ја следи оваа анализа е да даде увид и согледувања не само за да се пополнат недостатоците во воспоставувањето локални акциски групи и обезбедувањето на нивна функционалност и одржливост, туку и за да се поддржи дизајнот и имплементацијата на ЛИДЕР пристапот.