Вештини и зајакнување на младите преку Иницијативи за развој на претприемништвото и самовработување
Република Северна Македонија (РСМ) се соочува со една од најголемите стапки на
младинска невработеност во Европа. Дополнително, последото истражување наведено во
“Извештај за Индексот за младински развој во Македонија за 2021 година“ покажуваат дека
младите не се чувствуваат вклучени во општествено-економските случувања што придонесува
кон нивната желба за иселување од државата. Исто така, постои голема неискористеност на активните мерки за вработување, а незадоволителен е и бројот на младите кои се вклучени во овие мерки.
ЛАГ Агро Лидер ги идентификуваше овие недостатоци и на 01 јуни започна со имплементација на проектот Вештини и зајакнување на младите преку Иницијативи за развој на претприемништвото и самовработување
Главна цел на проектот е Подобрување на степенот на самовработување на младите во руралните средини преку воспоставување и подобрување на соодветни политики за вработување на младите, самовработување и претприемништво
Специфични цели
• Да се зајакнат младите луѓе со практични вештини за претприемништво и бизнис менаџмент
• Да се поддржат младите да ја подобрат нивната финансиска писменост и да ја подигнат нивната свест за достапните и пристапни извори на грантови/кредити за поддршка на започнување и проширување на бизнисот.
• Да се изгради капацитетот на младите луѓе да ги ангажираат засегнатите страни на локално и
национално ниво да се залагаат за политики за вработување за младите.
Активностите ќе се реалзиираат во 2 компоненти:
Компонента 1. Развој и имплементација на практична
обука
Компонента 2: Застапување и лобирање
Имплементацијата на активностите ќе придонесе до:
1. Воспоставување на успешна политика за зголемување на претприемачките вештини и самовработување на млади и намалување на стапката на невработеност кај
младите од Пелагонискиот регион
2. Подобрување на вработливоста на младите во Пелагониски регион преку подобрување на вештините за стручна обука со цел да се премости јазот меѓу потребните квалификации на пазарот на труд, самовработувањето и компетенциите стекнати преку образованието и обука
3. Подготвен план за промовирање на мобилноста на работната сила како средство за премостување на јазот помеѓу достапните вештини и побарувачката на пазарот на труд
4. Воспоставување на планови за соработка со факултети и универзитети на национално ниво за унапредување на претприемачките вештини и самовработувањето на младите
5. Зголемен пристап до информации за финансиски средства за започнување на сопствен бизнис
6. Зголемено учество на младите од Пелагонискиот регион во процесот на донесување на одлуки на локално
ниво
Проектот „Вештини и зајакнување на младите преку Иницијативи за развој на претприемништвото и самовработување “ е финансиран од Европската унија, преку проектот „Потпри се младите“, спроведуван од “Македонска развојна фондација за претпријатија”, „Рурална Коалиција“, „Џуниор Ачивмент“ и „ЕЛИТ- Здружение на жени менаџери Скопје“.