ЛАГ АГРО ЛИДЕР дел од јавната расправа за пристап до права за жените-индивидуални земјоделки

Комисијата за здравство на Собранието на Република Северна Македонија одржа јавна расправа по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, со што на индивидуалните земјоделци би им се обезбедил пристап до паричен надоместок при бременост, раѓање и грижа за дете.
На расправата учестуваа пратеници, но и претставници на граѓанскиот сектор - Марина Тошеска, Гоце Коцевски, Неда Чаловска, Стојан Мишев и Маја Атанасова од Мрежата за заштита од дискриминација – Платформа за родова еднаквост, потоа Анастасија Муратовска од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Борјан Павловски, координатор на програмата – Јавно здравје и здравје на жените, Стеван Орозовиќ од Националната федерација на фармери и Лилјана Јонски од Рурална коалиција, кои заедно ја потенцираа ВАЖНОСТА и ИТНОСТА за системско решавање на овој проблем преку препознавање на земјоделците во системот на здравствено осигурување.
Очекуваме оваа година навистина да покажеме дека сме држава која го штити правото на мајчинство и родителство, држава која недискриминира и држава која се залага за развој на земјоделството и зачувување на руралните области.
https://www.sobranie.mk/ns-newsarticle-odrzana-javna-rasprava-po-predlog...