Зеленото претприемништво и младите во руралните средини

Зеленото претприемништво и младите во руралните средини - кои се потребите на младите во руралните средини за нивно активно вклучување во светот на зелените бизниси во извештајот од истражувањето спроведено од партнерскиот конзорциум на организации од Шпанија, Италија, кипар, Словенија, Грција и Македонија.
Проектот Green Up Yourself од чие партнерство е дел ЛАГ АГРО ЛИДЕР е насочен да создаде можности за младите од руралните средини да водат "зелени" бизниси и преку диверзификација на руралните бизниси да дадат придонес во развој на руралната економија, промоција на социјалната благосостојба и заштита на животната средина, односно во градење на одржливи рурални заедници.