Саем на земјоделски производи во чест на Меѓународниот ден на руралната жена

На платото кај Градската саат кула во Прилеп денес, 12.10.2024 година се одржа саем на земјоделски производи во организација на  ЛАГ Агро Лидер по повод Меѓународниот ден на руралните жени.

Рачно изработени домашни производи од вредните раце на жените по оригинални рецептури: зимница слатка, џемови, ајвари, макала, сирење и млечни производи, зачини, мед и медни производи, сушено овошје и зеленчук, сокови и сирупи, пекарски производи по традиционални рецепти, рачни изработки …

За најмладите и годинава имаше обезбедено  детска едукативно – забавна програма.

Годинешното одбележување беше збогатено и со настап на КУД Мирче Ацев кои се претставија со ора и песни.