Проект STOP THE GAP - конференција и спортски настан во Бари, Италија

На 17ти и 18ти Јануари 2025 година претставник на Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР беше дел од конференцијата во рамките на проектот STOP THE GAP.

Проектот STOP THE GAP е насочен кон промовирање на спортот како алатка за инклузија на деца и млади од 7 до 17 годишна возраст и создавање на општество каде секој еден е важен.

Три организации – Centro Sportivo Italiano од Бари,Италија, Параспортскиот Сојуз од Риека, Хрватска и ЛАГ АГРО ЛИДЕР, Македонија заедно ќе соработуваат за имплементирање на добри практики за реализација на спортски активности кои ќе овозможат инклузија, недискриминација, промовирање на страв начин на живот како и промовирање на потенцијалот на секое дете или младо лице во областа на спортот.

На конференцијата свое обраќање имаше претседателката на Centro Sportivo Italiano Bari, градоначалникот на општина Бари, претставници од јавниот сектор во областа на образование, спорт и социјална заштита, како и претставници на спортски институции и организации.

Општина Бари во соработка со Centro Sportivo Italiano веќе се препознатливи во Италија, но и во Европа па и пошироко по значајните резултати во достигнување и промовирање на инклузија и недискриминација во спортот. Примената на спортот и физичката активност за социјална инклузија и кохезија на младите во институциите и организациите во Бари, Италија ја потенцираат можноста за примена на спортот како алатка за придвижување од сграгација кон интеграција, од ексклузивност кон инклузивност.  

Во рамките на посетата беше организиран спорски настан кој ја промовираше инклузијата на лицата со попреченост потенцирајќи дека Спортот како и образованието е право на секое дете, а обврска на општеството, и на секој од нас индивидуално и колективно е да ги отстранува бариерите за инклузија.

На спортскиот настан беше прикажан инклузивниот спорт низ танцување, гимнастика, бокс и други спортски активности со цел да се поттикне свесност, промена во начинот на кој општеството ја разбира попреченоста, да се промовира инклузивниста и да се изгради општество на недискриминација и еднакви можности за секое дете – со и без попреченост.

Проектот “STOP THE GAP” има намера да придонесе за постигнување на општите цели, идентификувани во Агендата за 2030 година за одржлив развој. Проектните активности ги прикажуваат целите насочени кон одржување и подобрување на условите за психофизичка благосостојба на најранливите млади лица.

Во наредниот период во соработка со ЈУМЦСР Прилеп, општините и основните училишта, ЛАГ АГРО ЛИДЕР преку примена на добри практики од партнер организациите ќе делува за социјална инклузија преку спортот.