Втор транснационален состанок на проектот Stop the GAP во Ријека, Хрватска

На 26ти и 27ми јуни 2025 во Ријека, претставници на ЛАГ АГРО ЛИДЕР остварија средба со партнерите од проектот Stop the GAP - Parasportski savez Grada Rijeke и Centro Sportivo Italiano. Ова е втор трансанаципнален состанок фокусиран на размена на добри практики, зајакнување на соработката и развој на активности што ќе овозможат еднаков пристап до спортот за сите, особено за маргинализираните групи.

Проектот STOP THE GAP! Ја истакнува физичката активност како инструмент за инклузија и социјалнос вклучување на децата/младите во економска, социо-културна понеповолна состојба како и лицата со попреченост кои не се вклучени во организирани спортски активности.

Во рамките на проектот со поддршка на партнерските организации ќе се делува за поголемо вклучување на лицата со попреченост во спортски активности односно промоција на спортот како алатка за социјална интеграција и еднаквост во нашите заедници и создавање на можности за секој да има право на активен живот и поддршка преку спортот.

Следејќи го добрите практики на нашите партнери кои покажуваат дека понекогаш мали иницијативи носат големи промени и ги градат заедниците што сакаме да ги гледаме во светот, ќе работиме на поддршка на спортските активности за заедно да градиме инклузивни заедници каде што сите се чувствуваат прифатени и вреднувани.

 

*Проектот Stop the GAP e ко-финансиран ор Еразмус + програмата на Европска Унија.