ЕКО МОЛИВИ И БОИЧКИ ОД ОТПАДНА ХАРТИЈА

ЛАГ АГРО ЛИДЕР започнува со иницијатива за реупотреба на отпадна хартија, и низ процес на користење на енергетско ефикасни практики да се произведуваат еко моливи и боички - 3 hearts односно три срца едно срце за спасување на дрвјата, едно за да ја покажеме грижата за планетата земја и едно срце за “обојување” зелен свет.
Под слоганот -Од отпад- до вредност. Од стара хартија – до нова креативност! ЛАГ АГРО ЛИДЕР во соработка со училишта, бизнис ентитети и јавни институции ќе создава ЕКО МОЛИВИ И БОИЧКИ - производи безбедни за децата и животната средина
Овие еколошки моливи и боички ќе се изработуваат од материјали од одржливо потекло нудејќи високо квалитетно искуство за пишување и цртање без грижа на совеста. Тие ќе ги спојуваат еколошката одржливост преку реупотребата на отпадна хартија, намалувањето на сечата на дрва, примената на енергетско ефикасни практики и едукацијата за циркуларна економија, со социјалното влијание преку вработување на лица од ранливи заедници, и создавањето на зелени работни места поттикнувајќи креативност, свесност и партнерство за создавање на одржливи заедници.
Проектот ЕКО МОЛИВИ И БОИЧКИ ОД ОТПАДНА ХАРТИЈА ќе се спроведува во периодот од 01.09.2025 до 30.04.2026 година
Проектот ЕКО МОЛИВИ И БОИЧКИ ОД ОТПАДНА ХАРТИЈА е поддржан од Проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“ е финансиран од Европската Унија. Лидер на проектот е Луѓе во потреба (ПИН), во партнерство со АРНО, Лидери за Едукација, Активизам и Развој (LEAD), и Ековита.