ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ОБУЧУВАЧ/КА ЗА СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО И ПРАВНИ АСПЕКТИ
1. Општи информации
Локалната акциска група ЛАГ Агро Лидер објавува јавен повик за ангажирање на обучувач/ка за социјално претприемништво и правни аспекти, во рамки на проект „Младински зелени социјални претпријатија – нова енергија за руралниот развој“ насочен кон јакнење на економските можности на младите од руралните средини и развој на еко-социјални претпријатија во општините Долнени и Крушево, финансиран од Европската Унија преку проектот ‘RAISE CSOs - Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Северна Македонија’ имплементиран од страна на Младински Сојуз – Крушево во соработка со НОВУС и Паблик, со поддршката на ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Република Северна Македонија, ИПА програма за граѓанско општество 2022-2023.
Проектот има за цел да воспостави основи за младински социјални претпријатија за заштита на животна средина, кое ќе обезбеди економска одржливост и можности за вработување, да придонесе до заштита на животна средина, управување со органскиот отпад во руралните средини, компостирање како потенцијален социјален бизнис, како и социо-економска интеграција на младите во пазарот на труд; Да се создаде младинска земјоделска задруга како инкубатор за зелени идеи за заштита на животна средина и одржливи рурални заедници, примена на нови методи во земјоделството и еко-бизнисите; Градење на капацитети и подигање на свеста кај младите од руралните средини за социјално претприемништво, циркуларна економија и заштита на животна средина, особено на ранливи категории како жени, NEETs и долгорочно невработени лица, преку развој на социјално претприемништво.
2. Цел на ангажманот
Целта на ангажманот е обезбедување стручна и практична обука за млади лица (15–29 години) од руралните средини, со фокус на:
- разбирање на концептот на социјално претприемништво,
- примена на социјални бизнис модели во областа на заштита на животната средина,
- запознавање со релевантната правна рамка за основање и функционирање на социјални претпријатија и задруги во Северна Македонија.
3. Опис на задачите
Избраниот/ата обучувач/ка ќе биде одговорен/а за:
- Подготовка и реализација на еднодневна интерактивна обука за социјално претприемништво;
- Презентација на:
- основи и принципи на социјално претприемништво;
- улогата на социјалните претпријатија во социо-економска интеграција на младите;
- примери на добри практики (национални и регионални);
- Запознавање на учесниците со:
- постојната правна рамка (здруженија, фондации, задруги, земјоделски задруги, социјални бизниси);
- можности и ограничувања во актуелниот законодавен контекст;
- Поддршка на младите во развој на иницијални бизнис идеи и канваси за еко-социјални претпријатија;
- Применување на партиципативни и практични методи на работа (работа во групи, студии на случај, дискусии).
4. Целна група на обуката
Обуката е наменета за:
- млади лица од руралните средини (15–29 години);
- NEETs;
- жени од рурални средини;
- долгорочно невработени млади лица.
Очекуван број на директни учесници: минимум 10 лица.
5. Потребни квалификации и искуство
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Високо образование во областа на економија, претприемништво и останати општестевени науки ;
- Минимум 3 години релевантно професионално искуство во областа на социјално претприемништво, развој на бизниси, работа со граѓански организации или правно советување;
- Докажано искуство во спроведување на обуки и работа со млади или ранливи групи;
- Познавање на националната правна рамка поврзана со здруженија, задруги и социјални претпријатија;
- Одлични комуникациски и фасилитаторски вештини.
Предност ќе имаат кандидати со искуство во:
- еко-социјални бизниси;
- работа во рурални средини;
- ЕУ и донаторски проекти.
6. Времетраење и локација
- Времетраење на ангажманот: краткорочен ангажман (подготовка + 1 ден обука);
- Локација: Крушево;
7. Начин на аплицирање
Заинтересираните кандидати треба да достават:
- Кратка биографија (CV);
- Мотивациско писмо со опис на релевантно искуство;
Само целосни апликации ќе бидат разгледани.
8. Критериуми за избор
Изборот ќе се врши врз основа на:
- релевантно искуство и експертиза;
- искуство во работа со млади и рурални заедници;
9. Рок и начин на доставување на понуди
Понудите треба да се достават електронски на:
Е- пошта: lagagrolider@gmail.com
Со назнака: „Обучувач/ка за социјално претприемништво и правни аспекти “
или
Во просториите на ЛАГ Агро Лидер, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот
Краен рок за поднесување: 07.02.2026
Апликации поднесени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.
10. Напомена
ЛАГ Агро Лидер го задржува правото:
- да побара дополнителна документација или појаснување
- да организира интервју со подносителите,
- да не избере ниту еден понудувач доколку не ги исполнува критериумите,
- да го поништи повикот поради административни или проектни причини