ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ОБУЧУВАЧ/КА ЗА ОДРЖЛИВО ЗЕМЈОДЕЛСТВО И КОМПОСТИРАЊЕ

1. Општи информации

Локалната акциска група ЛАГ Агро Лидер објавува јавен повик за ангажирање на обучувач/ка за одржливо земјоделстов и компостирање, во рамки на проект „Младински зелени социјални претпријатија – нова енергија за руралниот развој“ насочен кон јакнење на економските можности на младите од руралните средини и развој на еко-социјални претпријатија во општините Долнени и Крушево, финансиран од Европската Унија преку проектот ‘RAISE CSOs - Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Северна Македонија’ имплементиран од страна на Младински Сојуз – Крушево во соработка со НОВУС и Паблик, со поддршката на ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Република Северна Македонија, ИПА програма за граѓанско општество 2022-2023.

Проектот има за цел да воспостави основи за младински социјални претпријатија за заштита на животна средина, кое ќе обезбеди економска одржливост и можности за вработување, да придонесе до заштита на животна средина, управување со органскиот отпад во руралните средини, компостирање како потенцијален социјален бизнис, како и социо-економска интеграција на младите во пазарот на труд; Да се создаде младинска земјоделска задруга како инкубатор за зелени идеи за заштита на животна средина и одржливи рурални заедници, примена на нови методи во земјоделството и еко-бизнисите; Градење на капацитети и подигање на свеста кај младите од руралните средини за социјално претприемништво, циркуларна економија и заштита на животна средина, особено на ранливи категории како жени, NEETs и долгорочно невработени лица, преку развој на социјално претприемништво.

2. Цел на ангажманот

Целта на ангажманот е спроведување на практична и едукативна обука за млади земјоделци и рурална младина, со цел:

  • зголемување на знаењето за одржливо и органско земјоделство;
  • намалување на зависноста од хемиски ѓубрива и пестициди;
  • развој на практични вештини за компостирање на биоразградлив отпад;
  • подобрување на продуктивноста и здравјето на почвата преку примена на компост

3. Опис на задачите

  • Подготовка на детална програма и наставни материјали за обуката;
  • Спроведување на еднодневна практична обука која ќе опфати:

 

  • основни принципи на одржливо и органско земјоделство;
  • негативни ефекти од прекумерна употреба на хемиски ѓубрива и пестициди;
  • алтернативни, еколошки прифатливи практики за заштита на растенијата;
  • видови биоразградлив отпад и нивна употреба за компостирање;
  • процеси, техники и услови за правилно компостирање;
  • примена на компостот во земјоделското производство;
  • Реализација на практични демонстрации
  • Презентација на локално применливи решенија со ниски трошоци;
  • Фасилитирање на интерактивни дискусии и размена на искуства меѓу учесниците

4. Целна група на обуката

Обуката е наменета за:

  • млади лица од руралните средини (15–29 години);
  • NEETs;
  • жени од рурални средини;
  • долгорочно невработени млади лица.

Очекуван број на директни учесници: минимум 10 лица.

5. Потребни квалификации и искуство

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Високо или релевантно стручно образование во областа на земјоделство, агроекологија, животна средина или сродни области;
  • Минимум 3 години искуство во одржливо или органско земјоделство;
  • Практично искуство со компостирање и управување со биоразградлив отпад;
  • Искуство во спроведување обуки или теренски демонстрации;
  • Искуство во работа со млади и рурални заедници ќе се смета за предност

6. Времетраење и локација

  • Времетраење на ангажманот: краткорочен ангажман (подготовка + 1 ден обука);
  • Локација: Крушево;

7. Начин на аплицирање

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Кратка биографија (CV);
  • Мотивациско писмо со опис на релевантно искуство;

Само целосни апликации ќе бидат разгледани.

8. Критериуми за избор

Изборот ќе се врши врз основа на:

  • релевантно искуство и експертиза;
  • искуство во работа со млади и рурални заедници;

9. Рок и начин на доставување на понуди

Понудите треба да се достават електронски на:

Е- пошта: lagagrolider@gmail.com

Со назнака: Обучувач/ка за одржливо земјоделство и компостирање “

или

Во просториите на ЛАГ Агро Лидер, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот

 

Краен рок за поднесување: 07.02.2026

Апликации поднесени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.

10. Напомена

ЛАГ Агро Лидер го задржува правото:

  • да побара дополнителна документација или појаснување
  • да организира интервју со подносителите,
  • да не избере ниту еден понудувач доколку не ги исполнува критериумите,
  • да го поништи повикот поради административни или проектни причини