ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ЕКСПЕРТ/КА за подготовка на Документ за јавна политика

Во рамките на проектот „Отворање врати за жените од руралните средини во технологијата“, спроведуван од ЛАГ Агро Лидер, а финансиски поддржан од Сојуз – Национален совет за родова рамноправност (НСРР), Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) и Полио Плус се објавува повик за избор на експерт/ка кој/а ќе биде ангажиран/а за изработка на Документ за јавна политика.
Проектот има за цел да придонесе кон намалување на родовиот дигитален јаз, унапредување на локалните политики и создавање одржливи механизми за поддршка на жените во дигиталната економија, со фокус на општина Могила.
1. Позадина и цел на ангажманот
Младите жени од руралните средини се соочуваат со ограничен пристап до професионални мрежи, менторска поддршка и реални можности за вработување во ИТ и дигиталниот сектор. Иако обуките се клучен чекор, менторството и директното поврзување со пазарот на труд се од суштинско значење за нивна одржлива економска интеграција.
Целта на ангажманот на експертот/ката за јавна политика е да изврши анализа на постојните локални политики, мерки и програми поврзани со дигитални вештини, вработливост и женско претприемништво, и врз основа на тоа да изработи Документ за јавна политика со конкретни препораки за унапредување на родовата еднаквост и вклучувањето на жените во ИТ и дигиталниот сектор на локално ниво.
2. Опфат и опис на услугите
Избраниот/ата експерт/ка ќе биде задолжен/а за следниве активности:
Експертот/ката ќе биде одговорен/на за следните задачи:
- Спроведување анализа на релевантни локални стратегии, програми и мерки на општина Могила поврзани со дигитални вештини, вработливост, родова еднаквост и локален економски развој;
- Спроведување интерсекциска родова проценка со фокус на жени од рурални средини;
- Учество на консултативни состаноци со проектниот тим, локалната самоуправа и релевантни засегнати страни;
- Подготовка на Документ за јавна политика со јасни, применливи и мерливи препораки за:
- воспоставување локални програми за бесплатни ИТ и дигитални обуки за жени,
-
- поттикнување на женско претприемништво и стартапи,
- зајакнување на партнерства меѓу локалната власт, ИТ компании и образовни институции;
- Поддршка на процесите на застапување и лобирање на локално ниво.
3. Профил и критериуми за избор на ментор/ка
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните барања:
3.1. Основни услови
· Високо образование од областа на општествени науки, родови студии, економија, право или сродни области;
· Најмалку 3 години професионално искуство во анализа и развој на јавни политики, локално застапување или родова еднаквост;
· Искуство со политики поврзани со вработување, дигитализација, ИКТ или локален развој ќе се смета за предност;
· Одлични аналитички и истражувачки вештини;
· Искуство во изработка на policy documents, препораки и извештаи;
· Познавање на родово сензитивен и интерсекциски пристап
Пријави од страна на кандидати вработени во јавни институции се неподобни и нема да се разгледуваат од страна на евалуациската комисија.
4. Потребни документи за аплицирање
Кандидатите треба да достават комплетна апликација која содржи:
- Кратка професионална биографија (CV)
- Портфолио или линкови од претходна работа (доколку постојат)
- Потврди/референци од претходни ангажмани (не е задолжително, но е предност)
Само целосни апликации ќе бидат разгледани.
Исплатата ќе се изврши кон физичко лице (бруто износ).
5. Рок и начин на доставување на понуди
Понудите треба да се достават електронски на:
Е- пошта: lagagrolider@gmail.com
Со назнака: „Експерт/ка за подготовка на Документ за јавна политика“
Краен рок за поднесување: 11.02.2026
Апликации поднесени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.
6. Напомена
ЛАГ Агро Лидер го задржува правото:
- да побара дополнителна документација или појаснување
- да организира интервју со подносителите,
- да не избере ниту еден понудувач доколку не ги исполнува критериумите,
- да го поништи повикот поради административни или проектни причини