ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ПРАВНИК
1. Општи информации
Локалната акциска група ЛАГ Агро Лидер објавува јавен повик за ангажирање на правник за законските одредби за формирање на младинска земјоделска загруга, во рамки на проект „Младински зелени социјални претпријатија – нова енергија за руралниот развој“ насочен кон јакнење на економските можности на младите од руралните средини и развој на еко-социјални претпријатија во општините Долнени и Крушево, финансиран од Европската Унија преку проектот ‘RAISE CSOs - Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Северна Македонија’ имплементиран од страна на Младински Сојуз – Крушево во соработка со НОВУС и Паблик, со поддршката на ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Република Северна Македонија, ИПА програма за граѓанско општество 2022-2023.
Проектот има за цел да воспостави основи за младински социјални претпријатија за заштита на животна средина, кое ќе обезбеди економска одржливост и можности за вработување, да придонесе до заштита на животна средина, управување со органскиот отпад во руралните средини, компостирање како потенцијален социјален бизнис, како и социо-економска интеграција на младите во пазарот на труд; Да се создаде младинска земјоделска задруга како инкубатор за зелени идеи за заштита на животна средина и одржливи рурални заедници, примена на нови методи во земјоделството и еко-бизнисите; Градење на капацитети и подигање на свеста кај младите од руралните средини за социјално претприемништво, циркуларна економија и заштита на животна средина, особено на ранливи категории како жени, NEETs и долгорочно невработени лица, преку развој на социјално претприемништво.
2. Цел на ангажманот
Целта на ангажманот е обезбедување информации и законски одредби поврзано со иницирање и потенцијално официјално формирање на младинска земјодлеска задруга, со фокус на:
· Да се обезбедат релевантни информации за законската рамка за формирање на младинска земјоделска задруга
· Да се анализираат можностите, условите и процедурите за иницирање и регистрација на задруга во согласност со важечкото законодавство
· Да се подготват практични насоки и препораки за процесот на формирање и функционирање на младинската земјоделска задруга
· Да се обезбеди правна поддршка во раните фази на иницирање на задругата и дефинирање на нејзината организациска структура
3. Опис на задачите
· Преглед на законската рамка – анализа на релевантните закони, подзаконски акти и процедури поврзани со формирање на земјоделска задруга.
· Подготовка на информативен документ со клучни правни информации и чекори потребни за основање на младинска земјоделска задруга.
· Советување на проектниот тим и заинтересираните млади за законските обврски, услови и можности поврзани со задругарството.
· Предлог-модел за организациска структура на младинската земјоделска задруга (членство, управување, одговорности).
· Подготовка на листа на потребни документи и административни чекори за регистрација на задругата.
· Учество на консултативни средби или работилници со млади учесници за појаснување на процесот на формирање задруга.
· Давање препораки за одржливо функционирање и усогласеност со законските обврски по основањето.
4. Потребни квалификации и искуство
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Завршено високо образование од областа на правото, економијата, јавната администрација или друга релевантна област.
- Познавање на законската рамка во Република Северна Македонија поврзана со формирање и функционирање на задруги, здруженија и други форми на колективно организирање.
- Работно искуство во подготовка на правни анализи, консултантски услуги или советување поврзано со регистрација и функционирање на организации или деловни субјекти
6. Времетраење и локација
- Времетраење на ангажманот: 2 месеци
7. Начин на аплицирање
Заинтересираните кандидати треба да достават:
- Кратка биографија (CV);
Само целосни апликации ќе бидат разгледани
8. Критериуми за избор
Изборот ќе се врши врз основа на:
- релевантно искуство и експертиза;
- искуство во работа со млади и рурални заедници;
9. Рок и начин на доставување на понуди
Понудите треба да се достават електронски на:
Е- пошта: lagagrolider@gmail.com
Со назнака: „Правник за младинска земјоделска задруга “
или
Во просториите на ЛАГ Агро Лидер, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот
Краен рок за поднесување: 09.10.2025
Апликации поднесени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.
10. Напомена
ЛАГ Агро Лидер го задржува правото:
- да побара дополнителна документација или појаснување
- да организира интервју со подносителите,
- да не избере ниту еден понудувач доколку не ги исполнува критериумите,
- да го поништи повикот поради административни или проектни причини