ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС НА ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВО РЕПУБИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ГРАДОТ СКОПЈЕ
Мрежата ФИСКАСТ, претставувана од Finance Think – Институт за економски истражувања, Скопје, АГОРА – Центар за промоција на граѓански вредности, Скопје, Квантум Прима – Здружение за економски и политички истражувања и анализи, Кавадарци, и ЛАГ Агро Лидер – Здружение за рурален развој, Кривогаштани, во рамки на проектот „Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки” објавува Јавен Повик за изразување интерес на ЕЛС за добивање поддршка за подигнување на транспарентноста, креирање регистар на парафискални давачки и зголемување на соработката со засегнатите страни во општината