Повик за обучувач/ка за ИТ и дигитални вештини

ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ОБУЧУВАЧ/КА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА

ИТ И ДИГИТАЛНИ ОБУКИ

Во рамките на проектот “Отворање врати за жените од руралните средини во технологијата“
реализиран од ЛАГ Агро Лидер, а финансики поддршан од Сојуз – Национален совет за
родова рамноправност, се објавува повик за избор на Обучувач/ка кој ќе биде задолжен за
имплементација на обуки, практичните сесии и дел од менторската програма насочена кон
подобрување на дигиталните и ИТ компетенции на младите жени од општина Могила.
Овој повик произлегува од потребата да се намали родовиот дигитален јаз, да се зголеми
пристапот на жените до современи дигитални алатки и да им се овозможи пристап до
пазарот на труд и економски можности преку стекнување релевантни професионални
вештини. Избраниот обучувач/ка ќе има клучна улога во процесот на јакнење на човечкиот
капитал кај целната група, како и во креирањето инклузивна средина која ја поддржува
родовата еднаквост во дигиталниот сектор.
1. Позадина и цел на ангажманот
Во руралните заедници во Македонија, младите жени се соочуваат со ограничени можности
за пристап до образование, техничка опрема и квалитетни ИТ програми. Недостигот на
локални обуки, менторски програми и поддршка за самовработување дополнително го
зголемува дигиталниот јаз меѓу мажите и жените.
Со цел да се надминат овие бариери, проектот предвидува интензивна обука во областите:
 дигитален маркетинг,
 основи на програмирање,
 UX/UI дизајн,
 формирање професионални профили (CV, портфолио, LinkedIn),
 фриленс вештини и пристап до онлајн работни платформи.
Обучувачот што ќе биде избран треба да понуди професионален, структуриран и практично
применлив модел на обука кој ќе им овозможи на учесничките да ги развијат своите
дигитални вештини, да се подготват за вработување и да ги зајакнат своите можности за
економска независност.
2. Опфат и опис на услугите
Избраниот обучувач/ка ќе биде задолжен/а за:

„Отворање врати за жените од руралните средини во технологијата” е проект спроведуван од ЛАГ Агро Лидер
2.1. Подготовка и планирање
 Разработка на наставна програма, календар на обуки и предлог-модул за секоја
тематска област.
 Подготвување практични задачи, презентации и дигитални материјали.
 Адаптирање на програмата за почетничко ниво и за учеснички со различна претходна
подготовка.
2.2. Реализација на обуките
 Спроведување минимум 15 обуки во период од 2 месеци.
 Обуки со физичко присуство во општина Могила и/или онлајн, во зависност од
потребите на групата.
 Интерактивни методи на учење, практични вежби, работа во мали групи.
 Поддршка на учесничките во изработка на лични проекти (мини-дизајн, маркетинг
задача, фриленс профил и сл.).
2.3. Обезбедување менторска поддршка
 Спроведување минимум 2 групни менторски сесии.
 Обезбедување индивидуални консултации за учесничките кои демонстрираат
дополнителен интерес
 Насочување кон подготовка за пазар на труд: проценка на вештини, ориентација,
препораки
2.4. Практична подготовка и вработливост
 Поддршка во креирање портфолија и LinkedIn профили
 Упатства за користење на Upwork, Fiverr, Freelancer и други фриленс платформи
 Совети за првично портфолио и изработка на мини-проекти
2.5. Завршни активности
 Подготовка на краток извештај за реализација
 Евалуација на учесничките и Сертификат за нивни унапредувања

3. Профил и критериуми за избор на обучувач/ка
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните барања:
3.1. Основни услови
 Да биде физичко лице со живеење на територија на РСМ
 Релевантно образование или професионална сертификација во ИТ/маркетинг/дизајн
 Најмалку 2 години претходно искуство во спроведување ИТ или дигитални обуки

„Отворање врати за жените од руралните средини во технологијата” е проект спроведуван од ЛАГ Агро Лидер
3.2. Пожелно искуство
 Претходна работа со жени, млади или ранливи целни групи
 Искуство со комбинирана настава (онлајн + физичко присуство)
 Познавање на современи дигитални алатки, LMS платформи и интерактивни методи
на предавање
3.3. Клучни компетенции на кандидатите
 Високо образование во ИТ/маркетинг/дизајн или релевантни сертификати
 Повеќе од 3 години практично искуство во ИТ
 Јасна комуникација, способност за адаптација на програмата на почетничко ниво
 Одлични презентациски и комуникациски способности
 Способност за работа со почетници и адаптација на содржината.
4. Потребни документи за аплицирање
Кандидатите треба да достават комплетна апликација која содржи:
1. Кратка професионална биографија (CV)
2. Портфолио или линкови од претходна работа (доколку постојат)
3. Потврди/референци од претходни ангажмани (не е задолжително, но е предност)
Само целосни апликации ќе бидат разгледани.
Исплатата ќе се изврши кон физичко лице (бруто износ).
5. Рок и начин на доставување на понуди
Понудите треба да се достават електронски на:
Е- пошта: lagagrolider@gmail.com
Со назнака: „Апликација – Обучувач за ИТ обуки (Могила)“
Краен рок за поднесување: 03.12.2025
Апликации поднесени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.
6. Напомена
ЛАГ Агро Лидер го задржува правото:
 да побара дополнителна документација или појаснување
 да организира интервју со подносителите,
 да не избере ниту еден понудувач доколку не ги исполнува критериумите,
 да го поништи повикот поради административни или проектни причини