Иницијатива за вработување на млади - Youth Employment Initiative (YEI)
Проектот “Иницијатива за младинско вработување” има за цел да даде придонес кон намалување на бројот на млади кои не се во процес на образование, не се вработени и не учествуваат во обуки за доедукација, преку обезбедување на услуги за поддржано вработување за млади лица од страна на младински коучи (тренери) во проектните партнер организации.
Целите насочени според идентификуваните потреби на целната група на проектот се:
* да се даде придонес кон подобро социо-економско, инклузивно и одржливо општество со вклучување на маргинализирани млади лица
*да се оспособат партнерските организации со нови методи и пристапи преку комбинирање на креативниот и образовниот контекст на нестандарден начин во нивното професионално делување
Активностите на проектот вклучуваат
- Анализа на можностите за вработување на млади лица во регионите на партнерските организации во Италија, Романија и РС Македонија Подготвено кратко резиме на истражувањето кое ги консолидира наодите од анкетите за млади лица до 29 години, спроведено во периодот на месец ноември и декември 2020 година. Сто дваесет и пет (125) млади испитаници од регионот Апулија, Италија, регионот Бистрица, Романија и регионот на Прилеп и околните општини, С.Македонија учествуваа во истражувањето. Истражувањето ја нагласува потребата од услуги за поддржано вработување на млади лица обезбедени од младински тренери и важноста младите да бидат опремени со меки вештини што ги прават поконкурентни на пазарот на трудот.
- Креирана веб страна на проектот www.project-yei.eu каде младите ќе имаат пристап до коучинг за кариерен развој, како и пристап до методи за зајакнување на меките вештини со што би станале поконкурентни на пазарот на трудот
- Креиранa програма за обука за младински коучи (тренери)
- Подготвен Водич за услуги за поддржано вработување на млади
Проектот се имплементира во партнерство со Asociatia Tineri pentru Comunitate Бистрита (Романија) и Associazione InCo – Molfetta (Италија).
Проектот е финансиран од Европската Комисија - Еразмус+ Програма и Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност